Зеленски: Границите на Украина остануваат непроменети
Украина не се плаши од никого, никому ништо не должи и никому ништо нема да даде. Ова го изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски.
„Ние сме на своја земја. Не се плашиме од ништо и од никого. Никому ништо не должиме. И никому ништо нема да дадеме. И ние сме сигурни во тоа. Затоа што сега не е февруари 2014, туку февруари 2022. Друга земја, друга армија. „Нашата единствена цел е мирот во Украина“, рече Зеленски во видео обраќањето до нацијата.
За Киев признавањето на самопрогласените републики ДНР и ЛНР се повреда на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, рече Зеленски.
„Украина недвосмислено ги квалификува последните дејствија на Русија како кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја. „Целата одговорност за последиците од овие одлуки е на политичкото раководство на Русија“, рече тој.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ја призна независноста на Народните републики Луганск и Доњецк.
Ново на Сител
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
