Зеленски го потпиша буџетот за 2025 со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го потпиша Законот за државниот буџет за 2025 година, од кој 60 отсто ќе биде за одбрана од руската инвазија и за безбедност – нешто повеќе од 50 милијарди евра, додека аналогниот дел од буџетот на Русија е три пати поголем од тоа.
– Приоритет на буџетот е заштитата на нашата земја, тој вклучува финансирање на безбедносните и одбранбените сили, набавка и производство на оружје, беспилотни летала и опрема, напиша украинскиот премиер Денис Шмигал на Телеграм.
Буџетот од вкупно 82 милијарди евра беше одобрен од украинските пратеници на 19 ноември.
Украина, која има помалку оружје, помалку регрути и помалку пари од Русија, е принудена да ги зголеми трошоците за одбрана бидејќи војната влегува во третата година.
Руската инвазија на Украина која почна во февруари 2022 година ја опустоши нејзината економија, уништи добар дел од нејзината инфраструктура, но Западот и помага.
Заминувањето на милиони Украинци во странство исто така ги намали приходите од даноците во државната каса.
Ново на Сител
-
ЈСП има нафта за уште 3 до 5 дена - Тендерот за набавка заврши, ама не се знае дали е успешен
-
Протест против загадениот воздух идниот вторник во Скопје
-
СЗЛДМ - Петиција за итно обезбедување на сензори за сите и квалитетни инсулински пумпи!
-
Преглед на вестите од свет
-
Состанок на НАТО - Помошта за Украина во фокусот
-
Владата не гледа објективни причини за барањето на СДСМ за лидерска средба
-
СДСМ: Режимски тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ, се спроведува опасна партизација на институциите
-
Храбро срце со реакција за малиот буџет за трансплантации