-->
-->
Зеленски: Ги поканувам сите пријатели на Украина да го посетат Киев, иако е опасно
-->
Украинскиот претседател Володимир Зеленски по полноќ се обрати на Телеграм и ги покани сите пријатели на Украина да го посетат Киев, иако, како што рече, „тоа е опасно, бидејќи НАТО не прогласи зона на забранети летови над Украина“.
„Ги поканувам сите пријатели на Украина да го посетат Киев. Овде може да биде опасно, бидејќи нашето небо се уште не е затворено за руски проектили и авиони. Одлуката за зајакнување на нашиот арсенал во воздухот се уште не е донесена. Не добивме авиони. Но, очите на сите луѓе во светот сега се вперени во нашиот главен град, во Украинците. Сите кои се сега со нас ќе почувствуваат благодарност. Не само од нас, туку и благодарност од другите народи“, објави Зеленски на Телеграм.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
