Зеќири: ВМРО-ДПМНЕ да излезе од матрицата на Груевски и да каже дали е за ЕУ и НАТО
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да излезат од матрицата на Никола Груевски и јасно да кажат дали се за ЕУ и НАТО или се против.
Ова денеска го изјави потпретседателот и пратеник на СДСМ Мухамед Зеќири.
- Изборот е јасен. Одлуката е или ЕУ и НАТО или изолација и неизвесност. Ако се за ЕУ и НАТО сега е моментот кога треба да се откажат од барањето амнестија за Никола Груевски и неговите соработници и да ги повикаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните во Собранието, рече Зеќири.
Тој посочи дека никогаш претходно во изминативе 20 години ниту една политичка идеја не добила толку голема поддршка од граѓаните и додаде дека над 600 илјади граѓани упатиле јасна порака дека се за иднина во ЕУ и НАТО.
- Сега е моментот сите пратеници особено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, да ја следат оваа јасно изразена волја на над 600 илјади граѓани за членство во ЕУ и НАТО, истакна Зеќири.
Додаде дека сите економски параметри прецизно покажуваат дека процесот на приближување до ЕУ и НАТО позитивно влијае врз економијаат.
- Ако Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ продолжат со измислување нови нелогични барања, јасно е дека сакаат да го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и да ја вратат земјата во изолација и неизвесност, нагласи Зеќири.
Истакна дека во тој случај, како што рече, поради неодговорноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, единствен излез се предвремени избори организирани веднаш за доброто на државата.
Зеќири додаде дека се во постојана комуникација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со цел да се обезбеди двотретинско мнозинство, а кога ќе има конкретна информација ќе биде соопштена во јавност.
На прашањето дали ќе се разговара и со Груевски, одговори дека Груевски „ќе си заврши таму каде што треба да заврши согласно вчерашната одлука од Апелација и неговиот глас не е потребен“, рече Зеќири.
Ново на Сител
-
На седиште во меѓуградски автобус оставил торба со марихуана, полицијата ја пронашла - кривична за 18-годишник
-
Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа
-
Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва
-
Оставка на 15 вработени во белградската Воздухопловна академија го спречува почетокот на наставата
-
Штетите од пожарите во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари
-
Фјури објави дека се повлекува од боксот
-
МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија
-
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот