-->
-->
Зекири: Во СДСМ се уште не е разговарано за одлуката на Врховниот суд за СЈО
-->
Во СДСМ се уште не е разговарано за одлуката на Врховниот суд на РМ со која на СЈО му се одзема правото на водење предистражни и истражни дејствија кои проилегуваат од незаконски прислушуваните материјали, изјави денеска на прес-конференција пратеникот од оваа партија, Мухамед Зекири.
– Има многу разногласија во однос на тоа дали Врховниот суд има компетенции врз основа на тоа што го донесе како одлука вчера. Секако ќе ги искористиме сите правни механизми за да се види дали таа одлука што е донесена е согласно нивните овластувања или не, рече Зекири на новинарско прашање на прес-конференција во македонското Собрание.
Врховниот суд на Република Македонија вчера на седница донесе одлука според која Специјалното јавно обвинителство не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка, а се однесуваат на случаи кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите по истекот на рокот од 18 месеци од приемот на материјалите.
-Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и по истекот на тој рок од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка, се наведува во правното мислење објавено на веб страницата на Врховниот суд на РМ по одржаната општа седница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава