-->
-->
Зехофер загрижен заради ситуацијата на балканската бегалска маршрута
-->
Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер изјави дека е загрижен заради актуелната ситуација во врска со бегалците по таканаречната балканска маршрута.
За германскиот „Фокус онлајн” министерот кажа дека е многу загрижен и дека се надева дека новата Европска комисија сериозно ќе се посвети на оваа тема.
Истовремено, тој кажа дека не е изненаден од извештаите за нови бегалски рути.
-Со месеци веќе укажуваме дека во Турција има пет милиони бегалци и дека во Грција бројката на бегалци е двојно поголема, како и дека на Западен Балкан, според проценките на полицијата, има меѓу 30.000 и 40.000 бегалци, рече Зенхофер.
Тој нагласи дека заради сето тоа мора да се направи се за на земјите од Западен Балкан да им се помогне во опслужувањето на бегалците, за да не се случи развој сличен на оној од 2015 година.
Зехофер смета дека е очигледно дека многумина тој развој го потценуваат.
Германскиот министер најави дека во недела и понеделник ќе престојува во Брисел и дека на маргините на Советот на министри за внатрешни работи и правда на ЕУ ќе има билатерални разговори на темата за балканската маршрута.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“