Здружението на лекари по општа семејна медицина одбележува 70 години постоење

Здружението на лекари по општа семејна медицина е клучен фактор во креирањето на здравствената политика во Република Македонија. Како член на Македонското лекарско друштво, Здружението уште од формирањето до денес како императив си ја постави континуираната медицинска едукација и професионален развој на своето членство.
Ова беше истакнато на отворањето на 24.Симпозиум на Здружението на лекари по општа семејна медицина, кое ја одбележува 70-годишнината од формирањето.
Претседателот на Здружението на лекари по општа семејна медицина д-р Катерина Ковачевиќ во обраќањето пред присутните рече дека Симпозиумот се одржува во соработка со Асоцијацијата на лекари по општа и семејна медицина на Југоисточна Европа.
- Верувам дека ќе успееме на овој настан отворено да разговараме за предизвиците со кои се соочува општиот-семејниот лекар земајќи ги предвид неговото место и улогата во нивното разрешување, во соработка со другите стручни здруженија и релевантните институции, истакна Ковачевиќ.
Таа изрази уверување дека на Симпозиумот во кој ќе учествуваат домашни и странски предавачи и гости, ќе разменат знаења, ставови, искуства, ќе споделат новитети и идеи, со визија и отвореност за сите нивни очекувања во иднина.
Претседателот на Македонското лекарско друштво Горан Димитров рече дека сите професионални организации на лекари треба конечно да го востановат Законот за здравствена заштита и правилникот и дека континуираната медицинска едукација е само нивна заложба и обврска.
Пред присутните се обрати и координаторот на Центарот за семејна медицина доц. д-р Катерина Ставриќ и претседателот на Асоцијацијата на лекари по општа семејна медицина на Југоисточна Европа прим. д-р Љубин Шукриев.
По поздравните обраќања настапи Детскиот хор „Фалсето“ при студио Креатив и ученици од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација на ученици со оштетен слух „Партениja Зографски“, и танчерите со даунов синдром од танцовиот клуб „Dancers united Macedonia“.
По повод 70-годишниот јубилеј на Здружението беа доделени плакети за животно дело на доц. д-р Катерина Ставриќ и на пр. д-р Љубин Шукриев, како и на прим. д-р Катерина Ковачева, поранешен претседател на Здружението, прим. д-р Горица Зафировска-Пировска.
Беше промовирана монографија по повод 70-годишниот јубилеј на Здружението и книга „Методологија на научно-истражувачка работа во медицинската пракса“.
Работниот дел на Симпозиумот почнува утре и тој ќе трае до 4 ноември.
Ново на Сител
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
-

Сопствениците на „Констелејшн“ на суд поради пожарот во барот во Кран - Монтана
-

Тројца кавадарчани приведени за семејно насилство и закани во еден ден
-

Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула
