Здружението „Кајмакчалан“ со иницијатива за брендирање на мариовскиот мед
Еколошкото здружение „Кајмакчалан“ со седиште во мариовското село Маково, почна иницијатива за брендирање на мариовскиот мед.
Стратегијата за оваа активност е промовирана пред локалната самоуправа во Новаци, експерти од странство, како и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
-Мариово е чиста, еколошки незагадена средина каде навистина пчеларите имаат можност да произведуваат еколошки чист мед. Токму затоа потребно е брендирање и заштитување на мариовскиот мед, посочи Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци и поддржувач на иницијативата на здружението „Кајмакчалан“.
На средбата со градоначалникот Котевски, членовите на здружението „Кајмакчалан“ истакнаа дека иницијативата за брендирање на мариовскиот мед е со цел да се потврди тоа што со години е познато за мариовскиот мед како препознатлив и со вистинско, сигурно, чисто и еколошкото потекло.
-Досега имавме случаеви на продавачи на мед кои го користат името мариовски мед а истиот е произведен во друг регион. Токму затоа, за да го заштитите сакаме да го брендираме бидејќи сите ги знаеме здравствените придобивки кои се добиваат од медот и медните производи, рече Менде Трајковски, пчелар и претставник на здружението на граѓани „Кајмакчалан“-Новаци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ