Здравствените работници од велешката болница се вакцинираат против Ковид-19

Здравствените работници од Општата болница во Велес се вакцинираат против Ковид-19 во модуларната болница при Инфективна клиника во Скопје.
-Вкупно 84 здравствени работници од оваа јавна здраствена установа кои веќе една година се вклучени во борбата со Ковид-19, во текот на денешниот и утрешниот ден ќе ја примат вакцината против Ковид-19, изјави портпаролот на болницата, Елеонора Јованова.
Во Здравствениот дом во Велес, како што информира за МИА портпаролот д-р Василка Пановска Поп Стефанова, денеска се прави список на здравствени работници од оваа јавна здравствена установа, кои сакаат да бидат вакцинирани против Ковид-19.
-Тие ќе бидат вакцинирани во наредните денови. Инаку многумина од нив од кои дел се од Службата за итна медицинска помош, кои ја прележале болеста и стекнале имунитет сега нема да се вакцинираат, појасни д-р Пановска Поп Стефанова.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
