Македонија
7. October 2016 - 8:53

Здравствениот дом Битола ќе добие амбулантно возило за итна помош

Амбулантно возило за итна медицинска помош ќе добие денеска Здравствениот дом Битола од Амбасадата на Република Словачка во Македонија.

Словачкиот амбасадор во Македонија Мартин Безак ќе му ја предаде донацијата на директорот на Здраствениот дом Битола, Благоја Радевски.