Здравствената агенција на ЕУ повикува на нови мерки против Ковид-19
Здравствената агенција на Европската унија ги повика земјите-членки кои забележуваат зголемување на случаите на коронавирус повторно да воспостават контролни мерки, предупредувајќи за „вистинско враќање на вирусот“ во некои земји.
Агенцијата со седиште во Стокхолм наведе дека пандемијата на Ковид-19 сè уште претставува голема закана за јавното здравство, и покрај неодамнешниот пад на бројот на случаи, пишува „Гардијан“.
По ублажувањето на ограничувањата за движење и другите мерки, ширењето на вирусот продолжи, соопшти агенцијата.
Понатамошно зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 и згрижување на болните, како и смртните случаи може да се ублажат доколку на време се воведат или зајакнат контролните мерки, нагласува агенцијата.
Земјите во кои сега има зголемување на бројот на случаи, после укинувањето на контролните мерки по привременото подобрување на епидемиолошката состојба, треба да размислат за повторно и постепено воспоставување на одредени мерки.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови