Македонија
12. February 2024 - 17:55

Здравствена установа во Охрид вршела испитувања без дозвола од МЗ, кривична за директорот

СВР Охрид поднесе кривична пријава против приватна здравствена установа од Охрид  и против директорот С.М.(57) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „издавање и употреба на невистинито лекарско или ветеринарно уверение“, соопшти МВР.

Како што обајснуваат од полицијата, по преземени мери и извршена контрола било утврдено дека во приватната здравствена установа се вршеле лабораториски испитувања за кои здравствената установа немала дозвола од Министерството за здравство.