Здравствен дом Куманово ќе добие донација санитетско возило
Санитетско возило за кумановската Итна помош ќе донира Амбасадата на Словачка во Македонија, соопштија на денешната прес-конференција директорот на Здравствен дом - Куманово Миомир Панковски и амбасадорот на Словачка Мартин Безак.
- Донацијата е комбе која ќе се користи за потребите на екипите на Итна помош. Многу сме благордани за донацијата, бидејќи и покрај тоа што имаме возила, секогаш е добро да имаме дополнително кое како и претходните кои што ги добивме од владата ќе биде одлично опремено, изјави Панковски.
Амбасадорот на Словачка Безак, истакна дека донацијата е дел од проектот кој амбасадата започнала да го реализира пред две години кога била извршена донација за Здравствениот дом во Скопје и минатата година за Здравствениот дом во Битола.
- Логично, на ред е Здравствениот дом Куманово. Верувам, дека возилото ќе биде корисно бидејќи е прво возило од оваа марка во возниот парк во Здравствениот дом- Куманово, изјави амбасадорот Безак.
Нагласи дека процедурата е на почеток и дека возилото ќе биде предадено за употреба кон крајот на јули, почетокот на август, годинава.Тој најави дека наредната година ваков тип на возило ќе биде донирано за потребите на здравствениот дом во Гостивар.
Директорот на Здравствениот дом Панковски, појасни дека Итна помош Куманово е соодветно екипирана и располага со доволен број на возила, вкупно 14 од кои три се донација од владата. Екипите на Итна помош даваат нега на приближно 150.000 жители од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Ново на Сител
-
Течат рокови за приговори по вчерашното прегласување, привршуваат преговорите за Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Свечена академија во чест на Националниот ден на Власите
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
„Македонија во чест на Свети Кирил“ - Претседателката се сретна со Папата
-
Македонците се условени да прифатат диктат откажувајќи се од самите себе, вели историчарот Панов
-
Преговорите за Влада во напредна фаза се уште нема конечен договор за Министерствата
-
Македонија во фокусот на грчката јавност
-
Продолжува хаосот на хирургија - 6ти ден не работат операционите сали