Збогум на генијалката: Почина 40-годишната Нобеловка

Мариам Мирзакани, првата жена добитник на најпрестижната светска математичка награда - Fields Medal for Mathematics, почина во својата 40-та година во САД.
Иранката (40), професорка на Стенфорд почина од рак на дојка кој и се проширил на косктие. Под името „Нопбелова награда за математика“, Фиелдс Медал се доделува на секои четири години, а го примаат четворица математичари под 40 години.
Наградата Мирзакани ја доби во 2014 година за работата на комплексната геометрија и динамичкиот систем. Родена е 1977 година и веќе како тинејџерка добила две златни медали на Меѓународната математичка олимпијада. Докторирала на Харвард во 2004 година, а подоцна и на Пристон па на Станфорд.
Со доделувањето на математичкиот Нобел пред 3 години се заврши долгиот период во кој на жените никако не им успеваше да се изборат да влезат меѓу добитниците на таа награда, која е втемелена во 1936.
Мирзакани е вооедно и прва личност од Иран која ја доби оваа награда.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
