Завршува реконструкцијата на градинката во Ново Село

Завршува реконструкцијата на детската градинка „Сонце“ во општина Ново Село. Локалните власти велат дека до крајот на месецов ќе завршат финалните активности и децата ќе може да бидат згрижени.
Објектот кој се модернизира во рамки на проектот „Енергeтска ефикасност во насока за постигнување подобра животна средина во градинките” од приоритетната оска број 1 - животна средина, специфична цел 1.1 заштита на животната средина и одржлива употреба на заедничките природни ресурси во прекуграничниот регион од Програмата за прекугранична соработка INTERREG – IPA помеѓу Бугарија и Македонија.
- Од нејзината изградба во далечната 1974 до денес не беа превземени никакви градежни зафати. Со овој проект градинката ќе добие нов лик и ќе ги подобриме значително условите за престој на нашите најмили и најмали граѓани, велат од општината.
Рекoнструкцијата на градинката ги опфаќа следните активности: подобрување на изолацијата преку поставување на нова термофасада, отстранување на азбестниот покрив и поставување на нов лимен покрив со изолација, нови ПВЦ прозорци и врати, подобрени системи за водовод и канализација, инсталирани соларни колектори за производство на топла вода за градинката, замена на постоечкото осветлување со ново енергетски ефикасно.
По завршување на реконструкцијата следуваат т.н меки мерки за зајакнување на капацитетите во детска градинка за кои е предвидено да траат 12 месеци.
Проектот го добија Ново Село и Сандански од Бугарија, а од евроспкиот фонд обезбедени се 400 илјади евра кои општините ќе ги поделат за реализација на проектите.
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
