Завршува првата фаза од обновата на Домот на култура во Пробиштип
Општина Пробиштип со европски пари ја реконструира зградата на Домот на културата, која по нејзината комплетна реконструкција ќе се пренамени во општинска зграда. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека веќе се променети прозорците, кровната конструкција, а во моментов се поставува нова енергетска фасада, со што оваа зграда ќе биде енергетски ефикасна.

- По завршувањето на првата фаза ќе ја почнеме и втората фаза, а тоа е внатрешно преуредување. Во моментов веќе е завршен тендерот за внатрешно уредување за салата за состаноци, односно тркалезна сала во Домот на културата, каде што се одвиваат сите поважни манифестации во општина Пробиштип. После тоа ќе следи и уредување на останатите простории, вели Тоневски.
Тој истакна дека реконструкцијата на овој капитален објект ќе заврши до крајот на годината. Проектот се реализира заедно со бугарската општина Рила, која е партнер на општина Пробиштип за добивање на средства од Програмата за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.
Реконструкцијата на Домот на културата во Прбиштип чини 150.000 евра, откако ќе завршат градежните активности и внатрешното уредување во згадата ќе се вселат вработените во општина Пробиштип, а вработените од Домот на културата ќе се преселат во зградата на новата Кино сала. На овој начин пробиштипјани ќе имаат можност сите општински услуги да ги добиваат на едно место.
Ново на Сител
-

Цените на нафтата нагло пораснаа по обновените судири меѓу САД и Иран
-

Вардар 1961 по 18. пат го освои трофејот во Купот на Македонија
-

Пратениците ќе ги разгледуваат амандманите поднесени на Предлог законот за Советот на јавни обвинители
-

Во Штип почнува оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „Блесок 26“
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
