Завршува грејната сезона
Грејната сезона завршува денеска, но од Регулаторната комисија за енергетика велат дека на дневно ниво се следат температурите и доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија.
- Денес завршува грејната сезона, но до крајот на април влегуваме во преоден период во кој на дневно ниво РКЕ ги известува топланите дали се создадени услови да биде вклучен системот за топлинска енергија. Согласно член 45 од Правилата за снабдување секој пат кога прогнозирана средна дневна температура е 12 и пониска од 12 тогаш се дава налог дека се создадени услови да се започне со производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на тарифните потрошувачи, велат од Регулаторната комисија за енергетика.
За утре, согласно добиените податоци од Управата за хидрометеролошки работи, нема услови за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на тарифните потрошувачи бидејќи прогнозираната средна дневна температура во Скопје ќе биде 19 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од вторник попладне синоптичарите најавуваат врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со појава на грмежи и силен ветер. И во следните денови ќе има повремени локални врнежи, а температурата од среда ќе бидат во позначително опаѓање.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници