Завршува 98. Рос-Рот семинар
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи завршниот ден на 98. Рос - Рот семинар организиран во соработка со Парламентарно собрание на НАТО на тема „Евроатлантска интеграција на Западен Балкан: зајакнување на Европскиот мировен проект“.
Се очекува да бидат соопштени завршните забелешки на Парламентарното собрание на НАТО, а претходно ќе се одржат двете последни сесии посветени на медиумите и меѓуетничките односи во Западен Балкан.
На сесијата посветена на Состојбата со медиумскиот пејзаж на Западен Балкан: влијанието на дезинформациите и погрешните информации во креирањето на јавното мислење, најавено е обраќање на министерот без ресор во Владата за комуникации, отчетност и транспаретност Роберт Поповски, а на панел дискусијата ќе учествуваат Синиша-Јаков Марушиќ, новинар на Балкан Инсајт/ Балканска истражувачка мрежа за известување и Немања Тодоровиќ Штипља, главен и одговорен уредник, Европски Западен Балкан.
Тема на последната сесија на овој 98. Рос Рот семинар се Меѓуетничките односи на Западен Балкан. Најавено е обраќање на вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика, како и на професорот од Универзитетот на ЈИЕ Ветон Љатифи и извршна директорка на Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа Звездана Ковач.
Ново на Сител
-
Од четврток локални врнежи од дожд
-
Википедија на македонски јазик достигна 150 000 статии
-
Споделувањето храна, особено слатки, ја зајакнува емоционалната врска
-
Нептун Македонија со 430.000 денари донирани на СОС Детско Село - Благодарност до клиентите за поддршката
-
Науката потврди: Појадокот со додадени ореви е полезен за мозокот и умствените способности
-
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски
-
Владата ги отфрли како шпекулации и неточни наводите на СДСМ и ДУИ за работата на МЖСПП
-
Дебранец узурпирал земјиште и противправно се стекнал со имотна корист од над четири милиони денари