-->
-->
Завршница на Светска одбојкарска лига
-->
Во бразилскиот град Куритиба се одржува завршницата на Светската одбојкарска лига.
Селекциите на Франција и домаќинот Бразил со победа над САД и Канада го започнаа својот настап на завршницата на Светската лига.
Во мечот од 1.коло на првата група домашните одбојкари на Бразил на Канаѓаните им препуштија само еден сет, вториот кој го загубија со 25-17. Останатите три „Кариоките“ ги добија со 25-21, 25-19 и 25-19.
Вечерва во оваа група ќе играат Канада и Русија.
Далеку понеизвесен беше дуелот од втората група меѓу Франција и САД кој го добија „триколорите“ по максимални пет сета со 3:2.
Двете селекции наизменично ги добиваа сетовите. Французите ги добија првиот и третиот со 27-25 и 26-24, како и решавачкиот пети сет со 15-12, додека вториот и четвртиот сет им припаднаа на Американците со 25-20 и 25-17.
Американските одбојкари вечерва ќе имаат можност за поправен и тоа во дуелот против Србија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?