Завршна конференција за проектот „Пат до вработување“
Со завршна конференција денеска ќе биде означено официјалното завршување на проектот „Пат до вработување - развивање нови вештини и знаења за невработени лица“.
Проектот беше спроведуван во изминатите 24 месеци, со поддршка на Еразмус+ програмата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Тренинг центарот Ц.Е.С.
На денешната конфренеција ќе бидат презентирани резултатите од реализацијата на проектот и позитивните искуства што произлегоа од за невработените лица во Македонија, Бугарија, Полска и Романија.
Тренинг центар Ц.Е.С најавува уште два други проекта за помош на невработените. Едниот проект е Мрежа на вешти готвачи и келнери каде се остварува соработка со партнерите од Инсигнаре од Португалија и Енгина од Италија. Вториот проект од програмата Еразмус+ на кој Тренинг центар Ц.Е.С ќе работи во следните 30 месеци се однесува на семејната писменост. Ова е проект што се спроведува со повеќе земји (Романија, Бугарија, Македонија, Словенија) и во него активно се вклучени библиотеки и тренинг центри
Ново на Сител
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд