-->
-->
Завршна изложба на меѓународната Летна архитектонска школа
-->

Завршна изложба на учесниците на 24-тата меѓународна Летна школа за архитектура беше отворена синоќа во галеријата на стариот конак во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.
На годинашната летна школа за архитектура, која ја организира Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, учествуваа 31 студент по архитектура од Македонија, Холандија и Турција, кои имаа осум ментори. Тие проектираа самостојно на зададената тема „Изблик на чиста архитектура во планините“.
- Создадени се 31 проект на различни објекти, и два пејзажа. Студентите проектираа истражувачки центри, разни видови сместувачки капацитети, изложбени простори, павилјони во природа и многу други, а беа работени на две локации. Се работеше во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ и во испосницата на светецот во селото Градец. За двата локалитета се создадени и два прекрасни пејзажа, еден со шумата и околината на манастирот и еден на карпестиот, дијаметрално спротивен амбиент, изјави раководителот на Школата, доц. д-р Слободан Велевски од Архитектонскиот факултет.
Секоја година со учесниците на школата работи гостин-ментор, а овојпат тоа беше етаблираниот германски архитект Питер Вилсон.
Според Велевски, досега се создадени најмногу дела на некоја од сесите на школата зашто учесниците проектирале индивидуално, што е тешко за менторирање.
- Следната година Летната школа за архитектура ќе одбележи четврт век од своето постоење и за јубилоејот кој ни следува ќе бидат планирани низа активности. Инаку ова е втора најдолга по традиција летна школа на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, додаде Велевски.
Со изложбата на делата од учесниците беше заокружен работниот дел на Школата која завршува денеска. Од создадените дела ќе биде изработена публикација, а во средината на септември тие ќе бидат претставени на изложба во Скопје.
Меѓународната Летна архитектонска школа ја организира УКИМ, а се одржува со поддршка од Министерството за образование и наука, во соработка со Македонската православна црква, манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ и општина Крива Паланка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
