Завршија проценките на комисиите за штетите до мразот во кочанско

По поднесените барања од страна на земјоделците за настанатата штета од мразот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Подрачна единица во Кочани како и од општините Кочани и Чешиново Облешево, беа формирани две комисии кои што излегоа на терен со цел утврдување на настанатите штети во периодот од 21 и 22 април.
По направениот увид на терен Подрачната од Кочани денеска излезе со информација за настанатата штета во која се истакнува дека најголем дел од поднесените барања за штети од мразевите се однесуваат за измрзнати лозови и овошни насади.
- Вкупно имавме добиено 480 барања за проценка на направена штета од граѓаните на општините Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево, така што двете комисии составени од МЗШВ излегоа на терен ги проценија штетите, изјави Јордан Димитров раководител на ПЕ на МЗШВ Кочани.
Штетите се најголеми и се движат од 80 до 100 проценти кај лозовите и овошните насади, а најголеми штети кај лозовите насади се констатирани во атарот на селата Бурилчево, Кучичино и Бања, а за овошни насади посебно вишните во најголем процент се уништени во селата Теранци, Спанчево и Бурилчево, информира Димитров.
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
-

Статистиката измери инфлација од 4,8% во мај
-

Партиски препукувања околу европската иднина на Македонија
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик
