Завршија археолошките истражувања на античкиот театар во Скупи

Со финансиска поддршка од Министерство за култура, а во координација на Управата за заштита на културното наследство деновиве завршија археолошките истражувања на античкиот театар на археолошкиот локалитет Скупи, Скопје.
Почнувајќи од август 2013 година, соопшти Министерството за култура, истражувањата се реализираа во соработка со Филозофски факултет од Скопје и Музејот на град Скопје. За време на истражувањата на Античкиот театар, кој бил изграден за време на Хадријан и кој функционирал до крај на 4 век, археолозите пронајдоа околу 3.000 монети, керамика, бронзени предмети, коскени предмети. Станува збор за пронајдени над 5.000 предмети од различни културни хоризонти - железно време, римски период, доцноримски период и среден век.
Паралелно со археолошките истражувања, како што се наведува, беа спроведени и геофизички испитувања, а се направија и аерофотографии од театарот со кватрохоптер (дрон). Информациите околу ископувањата и пронајдоците на Скупи сега се достапни и на веб-страницата за локалитетот, а се планира и изложба со новите пронајдоци.
Истражувањето на театарот на Скупи беше капитален проект на Владата, а раководител на истражувањата беше д-р Антонио Јакимовски, професор на катедрата за Историја на уметност со археологија при Филозофски факултет во Скопје, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Од ССКМ бараат транспарентна истрага и нулта толеранција за нелегални медицински практики
-

Иранскиот министер за надворешни работи Арагчи се сретна со пакистански претставници во Исламабад
-

Поднесена кривична пријава за бесправно градење и узурпација на недвижности во Кочани
-

Две лица, меѓу нив судски полицаец, под истрага за примање награда за противзаконито влијание
-

58-годишник од Скопје силувал 13-годишно девојче
-

Николоски: Автопатот Кичево - Охрид е веќе при крај
-

Обезбедени се 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата
-

Трамп: Иран ќе даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД
