Заврши воената парада во Париз

Парадата по повод Денот на падот на Бастилја, која се одржи денеска во Париз во знак на сеќавање на 14 јули 1789 година, кога тврдината-затвор била освоена за време на Француската револуција, заврши со одавање почит на ранетите војници во операциите на француската армија, јави дописникот на МИА.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги покажа одбранбените капацитети на ЕУ со истакнување во преден план на европската воена соработка.
На парадата во центарот на Париз учествуваа околу 4.300 припадници на оружените сили, 196 возила, 237 коњи, 69 авиони и 39 хеликоптери.
На Шанзелеизе беа присутни војници од десетте земји што учествуваат во Европската иницијатива за интервенција, создадена пред една година под водство на претседателот Макрон, со цел да развијат „заедничка стратешка култура“. Белгија, Велика Британија, Германија, Данска, Холандија, Естонија, Шпанија, Португалија и Финска беа претставени од страна на нивните шефови на држави, влади или министри за одбрана. Парадата започна со дефиле на нивните знамиња од војници и офицери од овие земји, кои, исто така, испратија свои авиони и хеликоптери на небото над Париз, заедно со француското воздухопловство.
Оваа воено дефиле беше трето за Емануел Maкрон, од изборите во мај 2017 година. Тој во 10 часот слезе по познатата париска авенија Шанзелизе на командното возило, пред да се приклучи на свечената трибина Плас де ла Конкорд, каде го чекаат високите гости, меѓу кои германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Европската комисија во заминување, Жан-Клод Јункер, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и претставникот на британската премиерка Тереза Меј, вицепремиерот Дејвид Лајдингтон.
Макрон беше исвиркуван од демонстранти со жолти балони.
Парадата започна со демонстарција на роботи и беспилотни летала кои се користат во француската војска. Технолошките иновации се ставени во прв план, со анимации пред свечената трибина каде беа почесните гости. Огромните екрани, исто така служеа за илустрирање на технолошките иновации во поморската, вселенската и кибер-одбраната на Плас де ла Конкорд, каде парадираат роботи и беспилотни летала.
Најефектна беше демонстрацијата на човекот-летало, со футуристички акцент на Flyboard – летачка платформа во форма на скајт, која лета со минијатурни авионски реактори. Нејзиниот пронаоѓач Франки Запата, ја пилотираше својата машина со пушка в рака, на неколку десетици метри над земјата. Машина која може да развие брзина до 190 километри на час, со автономија од околу десет минути.
– Како никогаш по крајот на Втората светска војна, Европа не била толку неопходна. Изградбата на Европа на одбраната, во врска со Атлантската алијанса, на која и славиме 70 години, е приоритет за Франција и „е нишка на оваа парада“, истакна претседателот Макрон.
Во тој контекст во петокот Емануел Макрон ја претстави најновата француска подморница на нуклеарне погон, со која Франција може да се споредува со САД и Русија, а вчера најави и создавање команда на националните воени вселенски сили, што на крајот ќе биде дел од воздухопловните сили на Франција.
Ново на Сител
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
-

Сали од Брисел: Силна посветеност за унапредување на македонската евроинтеграција и спроведување на клучните реформи
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
