-->
-->
Заврши вештачењето на вториот телефон на Катица Јанева
-->
Заврши вештачењето и на вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, објави весникот „Вечер“.
Вештачењето и на вториот одземен телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева заврши. Во интерес на истрагата , детали не се соопштуваат. Наодот од вештачењето е предаден во Обвинителството за организиран криминал, велат од ОЈО за „Вечер“.
Оттаму додаваат дека засега истрагата не е проширена на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, а дали тоа ќе се случи зависи од прибраните вербални и материјални докази.
Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за Канал 5 потврди дека е извештачен и вториот мобилен телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева.
Рускоска за Канал 5 вели дека во него нема ништо, односно дека е форматиран со сменет АјКлауд (ICloud).
Овој телефон беше пронајден кај сестрата на девојката на синот на Јанева.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата