Заврши уписот на првачиња во штипските основни училишта
Во штипските основни училлишта за наредната учебна година се запишани 349 ученици во прво одделение. Уписниот рок е завршен, а Билјана Казанџиска, раководител на Секторот за јавни дејности, вели дека според податоците од патроначната служба бројот на првачиња треба да биде 538 ученици.
- Секаде имаме слободни места во училиштата. Во училиштето „Ванчо Прќе“ беа планирани 153 ученика да се запишат, а се запишаа 113, за разлика од тоа во училиштето „Димитар Влахов“ имавме планирано 86 ученика, со реонизацијата ни се запишаа 100 ученика. Во училиштето „Гоце Делчев“ имаме отстапување, досега имаме 40, а планирани се околу 120 ученика, а во училиштето „Славејко Арсов“ запишани се 33 ученика, вели Казанџиска.
Таа апелира родителите да си ги запишат своите деца во прво одделение, бидејќи казната е од 60 до 80 евра во денерска противредност. Реалната бројка на запишани ученици во прво одделение ќе биде позната на почетокот на септември
Ново на Сител
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли
-
Албанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027
-
Ѓорческа ја елиминира првата носителка на фјучерсот во Трнава