Заврши уписот на кандидати за втор и трет циклус на студии на УКЛО

Универзитетот „Св.Климент Охридски“ (УКЛО)-Битола го заврши уписот на кандидати за втор и трет циклус на студии за академската 2015-2016 година.
Дополнителниот, четврти уписен рок беше распишан за втор циклус универзитетски и втор циклус специјалистички студии, како и за трет циклус или докторски студии на барање на кандидати кои ги исполнуваа конкурсните услови, информираат од УКЛО.
- Во новата академска година на втор циклус студии ќе студираат 143 студенти. Бројот на запишани кандидати е очекуван и овозможува квалитет во реализацијата на академскиот процес. Во четвртиот уписен рок беа огласени и 70 места за студирање на трет циклус студии и притоа се пријавија 13 кандидати, со што вкупниот број на докторанди во новата академска година изнесува 34 кои ќе студираат на веќе акредитираните насоки, а се очекува и дополнителна акредитација за насоката Иновативни технологии за храна и нутриционизам, која се изучува на Технолошко-техничкиот факултет во Велес, соопшти универзитетскиот Сектор за односи со јавност.
Студирањето на трет циклус на студии се движи од 3.500 до 5.400 евра, додека за студенти од странство се движи од 4.000 до 7.000 евра во зависност од изборот на високообразовната установа и насоката за докторски студии.
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
