Заврши „RoboMac 2016“
Заврши седмото издание на меѓународниот натпревар за роботика и вештачка интелигенција „RoboMac 2016“. На финалниот натпревар, кој се одржа вчеравечер во Домот на АРМ, беа доделени награди за учесниците во разни категории.
Георги Костов, претставник на студентскиот огранок на Македонската секција на Институт за инженери од електротехника и електроника (IEEE) и главен организатор на настанот, истакна дека е изненаден од заинтересираноста за финалниот натпревар и многубројната публика во салата каде се одржа финалето.
Според студентот на Електротехничкиот факултет во Белград, Србија, Милош Вујадиновиќ ова е сериозно искуство со роботиката и системите за управување во реално време.
- Бидејќи немам практично искуство со роботика и системи за управување во реално време, мислев дека ќе биде многу тешко. Но, видов дека сето ова е само надградба на она што теоретски сум го совладал. На мојот факултет нема услови за организирање ваков настан за практичен допир со роботиката. Затоа што тука научив дека има голема разлика во теоријата и равенките напишани на табла од практичниот начин на работа, објаснува Вујадиновиќ.
Тој планира да преземе иницијатива за организирање на ваков настан во Србија и секако, да учествува на следниот меѓународен натпревар RoboMac.
Победниците во една од најтешките новововедени категории, насловена како „Sphero“, веруваат дека овој успех ќе им отвори нови врати и ќе го зголеми интересот во областа во која се натпреварувале.
На седмиот натпревар за роботика и вештачка интелигенција учествуваа 65 учесници од земјава и 15 од странство. Тие се натпреваруваа во категориите Сумо, Трка, Хуманоид и Вештачка интелигенција, а од годинава и во Генерирање траекторија на топка – робот (sphero) и симулација на квадкоптер. Освен натпреварот, студентите учествуваа на работилници и предавања за роботиката и најновите научни достигнувања. Домаќин на RoboMac 2016 е Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата