Заврши реконструкцијата на Занаетчискиот дом во Куманово
Заврши внатрешната реконструкција на Занаетчискиот дом во Куманово. Од вторник тука ќе можат да се венчаваат младите брачни парови од градот, а просторот ќе може да се користи за изложби, промоции и семинари.
- Реконструкцијата на Занаетчискиот дом во Куманово се спроведуваше преку проект на Центарот за развој на североисточниот плански регион. Две третини од средствата за санација ги обезбеди Центарот за развој на североисточниот плански регион, а една третина општина Куманово, информира градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски.
Тој посочи дека за реконструкцијата се одвоени 18 милиони денари. Во внатрешноста на овој објект, лоциран на градскиот плоштад, променета е столаријата, поставена е изолација, инвестирано е во греењето, сменети се санитарните јазли и електричната инсталација.
Дамјановски очекува да се промени и фасадата и надворешно да се осветли. Просторот ќе можат да го користат граѓанските и невладини организации. Со реконструкцијата беа опфатени трите ката на објектот, но и покрај тоа е планирано да се задржи репрезентативниот изглед.
Домот на занаетчиите е дело на рускиот архитект Владимир Антонов, изграден по иницијатива на занаетчиите, а пуштен во употреба во 1930 година.
Ново на Сител
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани