Македонија
9. July 2015 - 13:40

Заврши реконструкцијата на Пионерскиот дом во Гевгелија

Заврши реконструкцијата на Пионерскиот дом во Гевгелија, со финансиска подршка од ИПА програмата за прекугранична соработка која на општина Гевгелија и беше одобрена за задничкиот проект со бугарската општина Банско.

- За реализација на овој проект ни беа одобрени 145 илјади евра од европските фондовите со кои успеавме, покрај целосната реконструкција на покривот на Пионерскиот дом, комплетно да уредиме и читална за најмладите, опремена со компјутери, рече градоначалникот Иван Франгов.

Тој нагласи дека сега се создадени услови за поголема функционалност и искористеност на овој објект.

- Проектот ќе финализира со заедничка етно изложба и фолклорен фестивал, информира Франгов. Додаде дека за период од еден месец општина Гевгелија успешно го заокружува и вториот проект од ИПА програмата, откако во претходниот што го реализираше со бугарската општина Разлог беше изградена еко патеката на Вардарски рид.