Заврши рехабилитацијата на регионалниот пат на делницата Берово
Заврши рехабилитацијата на регионалниот пат Р1310 во должина од 6,2 километри на делницата Берово – граничен премин Клепало.
Како што информира градоначалникот Звонко Пекевски, вредноста на инвестицијата е 75,7 милиони денари.
-Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. Покрај реконструкција и асфалтирање на дел од коловозот, во рамки на активностите се поставени и заштитни огради како и соодветна патна сигнализација, соопшти Пекевски и додаде дека со ова се завршени најголем дел од работите од страна на општината.
Од бугарска страна, дополни, годинава треба да се асфалтираат последните километри од Струмјани до Клепало со што ќе бидат обезбедени сите предуслови за поврзување на луѓето од двете страни на границата.
Поради изборите во Бугарија и предвремените парламентарни избори кај нас, отворањето на граничниот премин Клепало би можело да се пролонгира на неодредено време.
Ново на Сител
-
Вучиќ утре ќе разговора со Путин
-
Зеленски: Украинците сакаат мир, но не и по цена да се откажат од Украина
-
Земјотрес од 6,3 степени го погоди Чиле
-
Додик по средбата со Вучиќ во Белград: Бошњаците од Сараево сакаат воен судир во БиХ
-
Жена со автомобил удрила малолетник на пешачки и избегала
-
Жителка на Белгија ограбена на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале