Заврши првиот ден од расправата за Ребалансот на буџетот, седницата продолжува утре
Со меѓусебни обвинувања во чие време се трошеле повеќе народни пари и забелешки да не се крати од буџетите на одредени институции помина денешниот прв ден од расправата за Реблансот на буџетот на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
За пратениците од парламентарното мнозинство, ребалансот е за спас на државата затоа што средствата во Буџетот биле планирани само за првите шест месеци од годината и фалат пари за обврски што треба да се исплатат од страна на државата, додека според пратениците од опозицијата, ребалансот е за задоволување на коалициските договарања и не се работи за штедење затоа што од Буџетот треба да се исплатат најмалку 12 нови функционери со четирите нови министерства.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето рече дека со ребалансот се предлага најоптималното решение, имајќи ги во предвид затекнатите состојби, ресурсите со кои се располага и малиот простор за маневар и макроекономската состојба.
- Со ребалансот обезбедуваме средства за сите оние и за се она што било предвидено со закон, а немало планирани средства, односно средства за вработените, пензионерите, студентите, компаниите, како и за плаќање на обврските по основ на камати, заеми и слично. Се обидовме и направивме максимални заштеди од се она што немаше динамика на реализација и средствата што стоеја неискористени. Од се она што претставува несуштински расходи, успеавме да најдеме заштеди од 20 милијарди денари и да ги употребиме онаму каде што беа потребни, рече Димитриеска Кочоска.
Реагираа од Судскиот буџетски совет и од државното Јавно обвинителство укажувајќи дека не смее да има кратење на средствата наменети за судската власт и за обвинителството, бидејќи, како што посочија, тоа ќе влијае на нивната автономија и на квалитетот и ефикасноста на правдата.
Општата расправа за Ребалансот на буџетот трае најмногу три дена, а амандманската расправа шест дена. Поднесени се 58 амандмаи. На десеттиот ден Комисијата гласа за ребалансот во целост.
Во Ребалансот на буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 318,2 милијарди денари, а расходите на ниво од 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.
Расправата продолжува утре во 11 часот.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка