Заврши проверката на АКМИС системот во Врховен суд

Комисијата за проверка на системите за распределба на предметите во судовите од Министерството за правда денеска ја заврши проверката на АКМИС системот во Врховниот суд на Република Македонија.
По проверката во Врховен, Комисијата следната недела ќе излезе со извештај за утврдената состојба во судовите каде се проверуваа системите за распределба на предметите.
Претседателот на Комисијата судијата Лазар Нанев вчера изјави дека проверката на АКМИС-системот во Апелацискиот суд во Скопје покажала дека водењето на уписниците било законско.
Комисијата претходно изврши проверка на АКМИС-системот за распределување на предмети и во скопскиот Кривичен суд.
Проверката на АКМИС во трите суда следува откако во извештајот на Рајнхард Прибе беше нотирано дека постојат индиции за злоупотреба на овој систем, кој ги автоматизира и следи предметите од иницијалното отворање на предметот до негова распределба кај судија.
Ново на Сител
-

Камионџиите ја прекинуваат блокадата на границите, иако ЕУ не понуди брзо решение
-

Кривична за Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-

Европската унија допрва ќе го решава проблемот на камионџиите
-

СДСМ со закон ќе бара 600 евра минимална плата
-

За 72 часа стартува „Safe City“ – МВР апелира граѓаните да ги ажурираат податоците
-

Пратенички прашања во Парламентот – најмногу одговараше Мицкоски
-

Нацрт верзијата за укинување на техничката влада е доставена до пратениците, СДСМ се противи
-

Сиљановска ги потпиша измените на Кривичниот законик
