Македонија
17. November 2017 - 15:57

Заврши проверката на АКМИС системот во Врховен суд

 Комисијата за проверка на системите за распределба на предметите во судовите од Министерството за правда денеска ја заврши проверката на АКМИС системот во Врховниот суд на Република Македонија.

По проверката во Врховен, Комисијата следната недела ќе излезе со извештај за утврдената состојба во судовите каде се проверуваа системите за распределба на предметите. 

Претседателот на Комисијата судијата Лазар Нанев вчера изјави дека проверката на АКМИС-системот во Апелацискиот суд во Скопје покажала дека водењето на уписниците било законско.

Комисијата претходно изврши проверка на АКМИС-системот за распределување на предмети и во скопскиот Кривичен суд. 

Проверката на АКМИС во трите суда следува откако во извештајот на Рајнхард Прибе беше нотирано дека постојат индиции за злоупотреба на овој систем, кој ги автоматизира и следи предметите од иницијалното отворање на предметот до негова распределба кај судија.