Заврши наддавањето за закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари
Заврши електронското јавно наддавање по Јавниот оглас за давање под закуп државно земјоделско земјиште за површини над 3 хектари. Понудено беше земјиште во четири региони и тоа во Свети Николе, Струга, Ресен и во Струмица во осум географски целини. Најголемиот дел од вкупно 4.565-те хектари, беа во Свети Николе со понудени 4.484 хектари во четири целини, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Според комисијата од вкупно 16 апликанти две компании имале комплетна и соодветна апликација и учествувале на електронското јавно наддавање.
За четвртата географска целина во регионот на Свети Николе, компанијата Агрија од Велес имала единствена и најповолна понуда со цена од 6.678.000 денари годишна закупнина. По завршување на постапката оваа компанија ќе треба да потпише договор со кој, меѓу другото се обврзува да инвестира и 2 милиони евра во рок од 4 години.
За географската целина 5 во реонот на Ресен за 21 хектар, исто така имало единствен најповолен понудувач со комплетна и соодветна документација, односно фирмата Ејпл Ленд која понудила закупнина од 118 884 денари годишно.
За површините од другите 6 географски целини за кои немало понудувачи со комплетна и соодветна документација заедно со нови дополнителни парцели наскоро треба да биде распишан нов јавен оглас за околу 4.200 хектари.
Оваа година беа објавени 5 јавни огласи и 2 јавни повици каде што се понудени околу 10.000 хектари, a во подготовка за објавување се и нови 3.500 хектари. Целта е да се даде под концесија целото земјоделско земјиште во државна сопственост.
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб