Заврши летниот кампус на Криволак
Со воена вежба денеска на армискиот полигон Криволак заврши шестиот летен камп за питомци од 10 држави со околу 200 учесници.
Деканот на воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ полковник Орце Поповски изрази гордост и задоволство од она што беше постигнато за само десет дена.
- Исклучително сум горд на Воената академија што успеавме да развиеме програма и сценарија за питомците кои и во иднина ќе се развиваат. Само од САД имаме 24 питомци од 24 различни универзитети. Тоа е признание за институцијата која ова го прави, нагласи деканот Поповски.
Директорот на вежбата потполковник Никола Клетников, вработен во академијата, рече дека за него навистина било предизвик да се работи со питомците кои го користеа нашето вооружување.
- Ми беше задоволство да работам со нив зашто постигнавме одлични резултати, нагласи тој.
Објасни дека во сценаријата беа разработени ситуации кога мора да се работи на поддршка на мирот под раководство на НАТО, ОН или Европската унија.
- Преговарањето е една од важните работи во кризни ситуации, поддршката на мирот и медицинската евакуација, додаде тој.
Изрази благодарност до инструкторите од АРМ и од Министерството за одбрана кои вложија натчовечки напори при работата со питомците. Според него, резултатот бил неизбежен бидејќи питомците се покажале доста спремни.
Керолајн Дакто од армијата на САД изрази задоволство од кампусот и вежбата и нагласи дека искуството кое питомците го имаа овде, секако ќе им биде од корист како идни офицери.
Таа нагласи дека освен професионалната надградба кампусот бил место и за дружење и меѓусебна соработка која ќе им биде од корист во иднина.
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров