Заврши летниот камп Бигорскиот и манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарско Рајчица
Во познатите македонски древни светилишта Бигорскиот и манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица, заврши петтиот летен камп по веронаука.
Манастирски гости на кампот по веронаука беа четирисетина деца од Охрид, кои со монасите и монахињите преку дружба се запознаваа со највозвишената наука за Бога, знаењето за љубовта, верата, надежта, радоста, а учествуваа и во практични манастирски задолженија.
- Миговите поминати со децата, нивните насмевки и прегратките со кои нè опсипуваат се верни сведоци на едно благодатно поминато време - време што како најдраг гостин нè посетува и ни носи дарови на радост, не само сега, туку и тогаш кога за него ќе си спомнеме во иднината. Спомените не се само неми сведоци на нешто што поминало, туку се и громогласни проповедници за она што се вкусило и доживеало - за вкусената духовна веселба во рајските градини, за доживеаната божествена љубов во прегратките на Црквата, велат сестрите од Раичкиот манастир.
Тие со големо задовоство додават дека изминатите пет дена, колку што трае кампот, децата од Охрид како цветови ги украсувале двете рајски градини на Бигорската и Раичката Обител, насекаде ширејќи ги своите миомирисни насмевки со кои силно го сведочеа своето задоволство од престојот во нив. Особено силна била радоста во мигот на заедничката средба со игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј.
Ова беше петтиот, од вкупно девет летни кампови по веронаука, колку што ќе се одржат ова лето.
Ново на Сител
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие
-
Уште 8 амбасадори се пакуваат за дома
-
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка - Арсовска тврди дека таа го разрешила
-
Македонија сака да увезува отпад од ЕУ - Пратениците расправаат за последиците од аерозагадувањето