Loading Video...
Фудбал
16. May 2021 - 19:22
Заврши домашното првенство, Шкендија шампион Вардар второлигаш
Со одигрувањето на последното коло завршија возбудувањата во домашното фудбалско првенство.
Шкендија одигра 1-1 со Шкупи во Тетово и го започна официјалното славје на новата шампионска титула. Мечот беше во прекин поради влегувањето во стадион на навивачите, а и покрај забраната поради пандемијата имаше публика на трибините. Мечот потоа се доигра.
Во Кратово значајна победа за Струга ТЛ од 1-0 против домашниот Силекс со што стружани за првпат се пласираа во фудбалска Европа. Единствениот гол беше всушност автогол на Благојевиќ.
Вардар со пораз од 2-0 од Македонија ЃП се прости од прволигашката конкуренција и во следната сезона за првпат во својата историја официјално ќе игра во Втората лига.
Лавовите забележаа пирова победа со головите на Петров и Божиновски и останаа без европски настап.
Пред стадионот свое шоу имаа навивачите на Вардар комитите кои се простија од првата лига со пораката , Прва, Втора , Трета, Вардар засекогаш.
Да потсетиме дека комитите први му помогнаа на својот миленик со собирање средства да ја надмине лошата финансиска состојба и да го доигра првенството.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->