Македонија
8. February 2017 - 20:47

Заврши бесплатното возење во градскиот превоз

Од утре граѓаните повторно ќе плаќаат да се возат во автобус. Градот скопје ја укина времената мерка, бидејќи е прекинато десетдневното последователно загадување на воздухот. Нивото на ПМ10 честичките во метрополата се под дозволениот праг.  ОД ЈСП и приватните превозници велат дека мерката не дала резултати бидејќи минимално се зголемил бројот на патници.

Доколку градоначалникот  Трајановски одлучи повторно да ја воведе мерката , од Слобода превоз велат ќе возат бесплатно. Инаку од град скопје информираат дека продолжува примената останатите мерки, за засилени инспекциски контроли на градилиштта и инсталациите кои се под нивна надлежност, како и интезивното миење на улиците и булеварите.