Заврши 8. издание на фестивалот „Пображење“ во Вевчани

Со чалгиските трубадурски звуци на Ансамблот „Климе Садило“ од Охрид и вокалните и инструментални изведби на тамбурашкиот оркестар и пејачката група при КУД „Иван Горан Ковачиќ“ од Сисак, Хрватска синоќа во амфитеатарот во Вевчани заврши 8. издание на Фестивалот на народна култура „Пображење“.
Организаторот, КУД „Дримкол“ оцени дека изминатите три дена Вевчани било центар за народна културата и традицијата
– Преображение Христово е голем празник кој сам по себе носи голема радост кај сите Вевчанци, а фестивалот за народна култура „Пображење“ е само дополнение на таа радост, збогатување на културната и туристичка понуда на Вевчани, празник за очите и душата. Над 400 уметници го презентираа фолклорот на својата држава, еминентни стручњаци од оваа област истражуваа, сликари на наивна уметност сликаа, Вевчани беше центар за народна културата и традицијата. И не само изминативе денови, Вевчани било и ќе биде достоен чувар на традицијата, изјави претседателот на КУД „Дримкол“ Тошо Чочороски.
Стручниот совет на фестивалот во составен од етнолозите Мирјана Мирчевска, Наташа Кукоска и Даворин Трпевски, Велика Стојкова – Серафимовска - етномузиколог, Јовица Блажески - професионален играч и пеач во ансамблот „Танец“ доделија награда за најуспешна изведба на фестивалот, а плакетата „Чувари на традицијата“ ја доби КУД „Таше Милошески“ од Ресен.
Во рамките на „Народната култура, инспирација за ликовните уметници“, оваа година Вевчани и традицијата беше инспирација за уметниците: Славица Секуловски и Mарјан Стојаноски, чии дела синоќа беа промовирани пред вевчанската публика. Овие вредни дела ќе останат во сопственост на организаторот и ќе сведочат за фетивалот на народна култура „Пображење“ 2018.
Ново на Сител
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
