Заврши 11-та Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2016“

Со презентација на делата на уметниците изработени за време на престојот во Скопје вчеравечер свечено беше затворена единаесеттата по ред Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2016“.
Ликовната колонија траеше од 22 до 31 август, во организација на Музејот на град Скопје и хотел „Солун“, а под покровителство на Град Скопје.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, изрази задоволство што уметниците-гости на колонијата и оваа година имаа можност да работат, да го восприемат градот и да ја доживеат неговата визура од самиот негов центар.
- На колонијата секоја година учествуваат уметници од Македонија и од странство. На уметниците-учесници во оваа колонија им се заблагодарувам за нивното учество и за сликите кои ни ги оставија во трајно наследство, рече Трајановски.
Оваа година, како што се наведува во соопштението на Град Скопје, на своите ликовни дела потпис ставија десет академски ликовни уметници, припадници на различни генерации и творечки определби, кои живеат и создаваат во различни средини Марина Лешкова, Олгица Антовска, Дороти Пачкова, Беган Деари, Александар Поповски и Глигор Васков од Македонија, како и Ноел Андре Периер од Франција, Александра Мириќ од Србија, Предраг Пеѓа Ракиќевиќ од Србија и Петја Денева од Бугарија.
Ново на Сител
-

Орбан: Можен договор меѓу САД и Русија без Европа би можел да ја промени геополитичката слика
-

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника
-

Ердоган: Турција нема да толерира провокации и поморски закани во Источен Медитеран
-

Си Џинпинг во новогодишната порака го пофали напредокот на Кина и навести потенцијално присоединување на Тајван
-

Путин уверен во победата во Украина во својата новогодишна порака
-

Андоновски: Во 2025-та испорачавме, а во 2026-та ја забрзуваме дигиталната траснформација на Македонија
-

Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје
-

Повеќе од 24 часа во целосен прекин сообраќајот Струга – граничен премин „Ќафасан“
