Затвореник починал во Кумановскиот затвор

Починат затвореник е пронајден во неделата наутро (24 ноември) во Кумановскиот затвор, соопшти Управата за извршување на санкции. Причините за смртта, како што наведуваат од таму, ќе бидат познати по добивањето на обдукцискиот извештај.
Околу 7 часот и 30 минути при редовна утринска проверка на бројната состојба на осудените лица дежурниот командир заедно со помлад надзорник, исто така припадник на затворската полиција, на првиот кат во затвореното одделение во собата каде престојувало осуденото лице Л.Б. во неговиот кревет во позиција како да спие го пронашле осуденото лице без знаци на живот, се посочува во соопштението од Управата за извршување на санкции.
Веднаш потоа била повикана итна медицинска помош која во затворот пристигнала во 8 часот и 15 минути, но лекарите не можеле да сторат ништо од причина што лицето веќе било починато, а констатирано е дека нема траги на насилство.
Од Управата потенцираат дека по прегледувањето на снимките од камерите во затвореното одделение, констатирано е дека во текот на ноќта никој не влегувал во собата на осуденото лице, односно дека таму не престојувале други осудени лица заедно со него.
– Во непосредна близина на неговата ќелија има соба за надзор на осудените лица и од страна на затворската полиција, како и од осудените лица од затвореното одделение не било забележано ништо невообичаено во текот на ноќта пред немилиот настан, се наведува во соопштението од Управата за извршување на санкции.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
