Затвореници се изживуваат и потсмеваат со поранешниот началник на кочанската полиција
На социјалните режи се појави видео во струмичкиот затвор, на кое може да се види како затвореници се изживуваат и потсмеваат со поранешниот началник на полициската станица во Кочани, Ванчо Тодоровски. Може да се слушне како го тераат да земе метла и да мете.
„Сега јас сум началник. Земи началниче, ајде чисти. Ајде Ване чисти таму. Ќе чистиш и ќе пееш, јас сум сега началник“ му вели затвореник на Тодоровски.
„Овој не апсеше брат. Ние сме си сега цимерчиња. Секое сабајле мораш да чистиш и да џогираш“ му велат затворениците, а Тодоровски се согласува да чисти.
Ванчо Тодоровски во 2012 година прво беше разрешен од функцијата началник на ПС Кочани од страна на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а потоа беше уапсен за злоупотреба на службената положба и овластување и изнудa.
Тодоровски е осуден во предметот „Детонатор“ за злоупотреба на службена положба и овластување и за изнуда. Тој принудил печалбар од Италија да му исплаќа по 100 и 200 евра за да му прости сообраќајни прекршоци.
Ново на Сител
-
Трамп го нoминира лојалниот Каш Пател за шеф на ФБИ
-
Европската комисија „Фон дер Лајен 2“ стапува на должност
-
Македонските ракометарки го освоија првиот бод на ЕП 2024
-
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си