-->
-->
Затвореници од Идризово уценувале за пари мајка на друг затвореник
-->
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.И.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Пријавениот, кој е на издржување казна затвор во Казнено – поправната установа Идризово, заедно со уште едно лице подолг период упатувале закани кон мајка на осуденик во истиот затвор да им даде пари за да не го нападнат.
Оштетената во неколку наврати им исплатила вкупно 14.965 евра.
После тоа, тие и побарале уште 12.700 евра, а откако им кажала дека нема толку пари, тие физички го нападнале нејзиниот син, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ