Затворената врата им го спасила животот: Пожарникари објасниле зошто е исклучително важно да го направите ова пред спиење
Пожарникарите на Њу Ферфилд, Конектикат, објавиле фотографии од врата на еден дом кој бил зафатен од пожар.
Имено, од внатрешната страна, вратата изгледала прилично недопрена и бела, додека од другата страна, штетата била голема. Сѐ било потполно црно.
Со ова, пожарникарите сакале да ги советуваат граѓаните дека е многу важно да ја држат вратата од собата затворена, доколку дојде до пожар во другите простории.
За среќа, во куќата во која избил пожарот немало повредени, спасени се сопствениците и нивното куче.
-Овие фотографии покажуваат колку е важно да спиете со затворени врати. Родителите некогаш едвај успеваат да ги убедат децата да спијат со затворени врати бидејќи се плашат, но трба да им се објасни дека тоа може да им го спаси животот доколку дојде до пожар, објаснуваат од пожарникарската служба.
Ново на Сител
-
АРМ слави 33 години постоење
-
ДИК: Само со два потписи независните ќе учествуваат изборите
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК одлучи кандидатурата за изборите да се одвива согласно член 63 - со 2 потписа
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека одлуката на ДИК за ново упатство - партиите го обвинуваат ДУИ за неуспешните измени
-
Независните не се откажуваат од учество на избори - дел собираат потписи, дел не