Затворен за сообраќај патот Велес - Градско од 10:00 до 16:00 часот поради поставување заштитна мрежа
Поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес - Градско, денеска ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 10:00 до 16:00 часот, информираа од АМСМ.
Од утре до 18.01.2024 година затворено за сообраќај ќе биде во периодот од 08:00 до 16:00 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка и Стража, но во моментов не претставува пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15.11.2023 година, потсетуваат од АМСМ, започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.
Ново на Сител
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима
-
Македонските компании не знаат за ЕУ стандардите
-
Преглед на вестите од светот
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците