Затворен за сообраќај патот Крушево - Долно Дивјаци - Кочиша
Патниот правец Крушево - село Долно Дивјаци - село Кочиша е небезбеден за сообраќај и претставува опасност за нормално одвивање на сообраќајот и поради тоа денеска од 15:00 часот до негово санирање ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај, информира АМСМ.
Граѓаните од овие населени места ќе го користат регионалниот пат село Пуста Река - Крушево.
На патниот правец Валандово – Струмица, кај Костурино поради одрони сообраќајот е одвива отежнато и забавено.
Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Вучиќ се враќа во среда на своите работни обврски
-
Агелер со честитка за Денот на македонскиот јазик
-
Кривична против двајца поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба
-
Сиљановска Давкова: Апсолутно нема потреба од предвремени парламентарни избори
-
Возач со „БМВ“ во Чаир фатил малолетник за рака и го влечел по коловозот
-
13-годишно девојче во Аеродром била физички нападната од четири малолетнички
-
Директорот на ФК „Слога“-Виница тепал фудбалер на противничката екипа пред почеток на натпреварот
-
Завршена јавната набавка за инсулин, потпишан договор за две години, информира Таравари