Затворен пазар во Велес ќе се гради ако има интерес од големите маркети

За изградба на затворен градски пазар во Велес на постоечката локација како трговско – деловен центар, Општина Велес интензивно разговара со сопствениците на големите маркети од државата за да види колку тие се заинтересирани за ваков проект.
Според градоначалникот Аце Коцевски, деновиве треба да завршат разговорите со големите маркети како што се „Жито“ „Веро“ „Тинекс“ „Рамстор“ и останатите за да се види дали се заинтересирани да градат ваков деловен објект по пат на некој облик на партнерство.
– Доколку утврдиме дека кај големите маркети нема интерес, тогаш во програмата на буџетот на општината за следната година како еден од приоритетите ќе ставиме да се реконструира постоечкиот Градски пазар, со модификација на веќе изготвениот проект, изјави Коцевски.
Постоечкиот Градски пазар во Велес е во лоша состојба и недостига соодветно урбано решение. Граѓаните и пазарџиите со години бараат подобрување на условите на пазарот, којшто се наоѓа од левата страна на градот во близина на реката Вардар.
Претходната општинска власт уште во август 2017 година на постоечката локација најави изградба на затворен градски пазар во Велес. Истиот беше замислен како објект во кој ќе бидат сместени пазарџиите,16 дуќани, трговска улица за достава и санитарни јазли. Се предвидуваше и нова поделба на реоните за продавање на прехранбени производи, текстил, пластика……Беше изработено и идејното решение и сета потребна документација, а на 31 јули 2017 година беше распишан и јавен повик за иведувач на градежните работи. Проектот беше проценет на 12 милиони денари.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
