Македонија
5. April 2019 - 15:11

Затворен булевар в недела поради снимање филм, ќе се симулира експлозија

Продукцијата „Скопје филм студио“ ја известува јавноста дека во периодов се работи на снимање нов долгометражен игран филм со работен наслов „Хомо“ во режира на Игор Иванов, чија продукција е поддржана од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија, како проект од национален интерс од филмската дејност.

Од продукцијата јавуваат дека филмот се снима на повеќе локации низ Град Скопје, а о недела на булеварот Видео Смилевски – Бато во периодот од 10 до 17 часот сообраќајот ќе се одвива со посебен режим на сообраќај и истиот ќе биде стопиран и пренесочуван кон околните улици со повремени пропуштања на возилата.

„Ја известуваме јавноста дека во сцената која ќе се снима на оваа локација ќе се употребат специјални филмски ефекти со кои ќе биде симулирана експлозија на рачна бомба“, велат од продукцијата.

Тие ги замолуваат граѓаните да ја избегнуваат оваа улица во наведениот период.