Затворен аеродромот на Бали заради пепел исфрлена од блискиот вулкан Раунг
Меѓународниот аеродром Денпасар на индонезискиот остров Бали привремено ја прекина работата заради пепелта исфрлена од вулканот Раунг.
Одлуката за затворање на аеродромот ја донесоа локалните власти, информира агенцијата Ксинхуа, цитирана од ТАСС.
Откако во средата вулканот се активира британската авиокомпанија „Вирџин“ и австралиската „Џетстар“ ги откажаа сите летови до островот. Откажани се вкупни 13 внатрешни и меѓународни летови, вклучувајќи ги и оние до Австралија и Кина.
Ова не е првпат вулканската пепел да ги отежнува воздушните комуникации на Бали. Во јули аеродормот беше затварен неколку пати. Од 9 до 12 јули беа откажани над 900 летови, а десетици илјади лица беа блокирани на островот, напоменува ТАСС.
Вулканот Раунг, висок 3.300 метри, е еден од 129-те активни вулкани во Индонезија - архипелаг што лежи на Тихоокеанскиот огнен прстен, во еден од сеизмички и вулкански најактивните региони на Земјата.
Ново на Сител
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-
Утрото студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди
-
Крај на големото тениско ривалство: Ѓоковиќ го победи Надал во Ријад
-
Минчев: Министерството за јавна администрација в понеделник со конкрени насоки за сите огласи, конкурси, унапредувања по укинувањето на „Балансерот“
-
На аеродромот во Тирана регистрирана рекордна бројка патници, до година во функција и аеродромот во Валона
-
Гвардиола подготвен да помогне да се најде нов менаџер на Манчестер Сити
-
Прекин на дуелот меѓу Работнички и МЗТ
-
44-годишник претепал полицаец кој му напишал казна на неговиот син